Мудростите на Ајнштајн за среќниот живот чувани биле 95 години, а тие тој му ги подарил на доставувач од Јапонија наместо бакшиш.
Еден од најголемите умови и најзначајни личности во историјата на светот – Алберт Ајнштајн, имал многу интересен живот испреплетен со бројни интриги.
Две негови мудрости тој ги напишал и биле чувани 95 години.
Славниот физичар и автор на теоријата на релативитет, во 1922 година бил на турнеја во Јапонија каде одржувал предавање. Во тоа време дознал дека ќе биде предложен за Нобелова награда за физика и неговата слава се проширила надвор од научните кругови.
Дознавајќи дека е потенцијален добитник на наградата, популарниот физичар напишал две белешки за среќата кои потоа му ги дал на некој курир во Токио.
Имено, во хотелот „Империјал“ каде што престојувал, еден доставувач му донел пакет. Не е познато дали го одбил бакшишот, но Ајнштајн нему му дал белешки напишани на германски јазик.
„Доколку имаш среќа, можеби овие белешки ќе бидат многу повредни од бакшишот“, му рекол Ајнштајн на курирот, тврди негов потомок.
На една од белешките напишана на лист хартија пишува:
„Мирниот и скромен живот носи повеќе радост од немирните трки за успех“.
На другата белешка се наоѓа:
„Каде што има волја, има и начин“.
Аукциската куќа „Winner“ ја потврдила автентичноста на белешките.
„Тие немаат научна вредност, но би можеле да помогнат во одредување на личните размислувања на Ајнштајн чие име стана синоним за генијалност“, оценил Рони Грос, задолжен за најголемата колекција на архив од тој физичар на еврејскиот Универзитет во Ерусалим.







