👁️  12

Фаворитите одиграа според планот попладнево на УС Опен. Од водечките десет тенисери пласман во следната фаза обезбедија Александар Зверев и Јаник Синер.

Германскиот ас во дуелот со сонародникот Даниел Алтмајер се радуваше со 3-1, по три часта и 47 минути игра. Зверев добро се испоти за да го исфрли ривалот, првиот сет го доби со 7-1 во тај-брејк, а потоа Алтмајер со 6-3 израмни. Сепак, фаворитот се консолидира и заигра подобро, па со 6-4 и 6-3 дојде до посакуваната победа.

Според планот одигра и Јаник Синер, исто така против свој сонародник. Шестиот носител на турнирот го совлада Лоренцо Сонего со 3-0, далеку посигурно за два часа и шест минути. Синер ги добиваше сетовите со 6-4, 6-2 и 6-4, за пласман во следната рунда. ​

крај на турнирот имаше ветеранот и екс-број еден, Енди Мареј, откако загуби со 3-0 од Григор Димитров. Бугарот ја оправда фаворитската улога против ветеранот, па со 6-3, 6-4 и 6-1 дојде до победата.