👁️  257

Прес-конференција на советникот во општина Битола, Зоран Петковски од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

– За ,,господата” од СДС е својствено да се занимаваат со евтин популизам и замајување на јавноста со дезинформации, наместо со фактичките состојби во образованието.

Имено, кривичните пријави против директорите на училиштата, членовите на Комисијата за трансформации и Градоначалникот се целосно неосновани.

Лага е дека директорите не постапија по решенијата на Второстепената комисија, кои меѓудругото беа да се испрати барање за трансформација до Комисијата, а не трансформирање на работниот однос, затоа што трансформацијата ја прави МОН. Лага е дека Комисијата не работи, затоа што сите барања се испратени во МОН, а во последните 2 години, односно во мандатот на Градоначалникот Тони Коњановски се дадени 50 решенија за вработување на неопределено, токму од таа комисија формирана од овој градоначалник, во состав од тие 3 лица кои ги спомнувате, наспроти 135 отказни решенија кои беа дадени во 1 месец, и тоа на сред учебна година во времето на градоначалничката од СДС.

Манипулациите се вашата главна одлика ,,почитувани” од СДС. Не знаејќи што да направите повеќе во обидите да ја замајувате јавноста, вие се гордеете со поднесување на некакви кривични пријави за повреда на работен однос, а најинтересна е онаа за лажно претставување. Од директорите кои ги спомнувате, не е направен никаков прекршок, ниту пак некакво непостапување по одреден закон.

Ако имате блиски релации со МОН, тогаш наместо непродуктивни, да се измачувате со поднесување на неосновани кривични пријави, потрудете се да ги подобрите условите во образованието, бидејќи наши деца се во тој образовен процес. Инаку, на крај, има поважни, многу поважни работи со кои треба да се занимава обвинителството, наместо со вашите измислици и лаги, а тоа се криминалците од вашите редови.
Дефинитивно и овој пат потврдивте дека секогаш наместо унапредување со вас се случува целосен колапс на образованието, рече Петковски.