👁️  33

Зоран Марјановиќ вчера излезе од Централниот затвор каде што беше за убиството на сопругата Јелена Марјановиќ.

Апелациониот суд му го укина притворот на Зоран Марјановиќ, кој минатата година беше осуден на 40 години за убиство на сопругата, пејачката Јелена Марјановиќ, бидејќи утврди дека последиците од убиството на пејачката го изгубиле интензитетот и значењето по 7 години!

Од српска Апелација соопштија:

„Оваа институција имајќи предвид дека критичниот настан се случил на 2 април 2016 година, односно пред повеќе од седум години, а Зоран Марјановиќ е уапсен година и пол по убиството на неговата сопруга и дека е во притвор кој се одржува до 12.07.2018 година, кога е укинат, а потоа дека му е одредена мерка притвор по објавување на правосилна пресуда во која е прогласен за виновен за кривичното дело тешко убиство и осуден на затворска казна од 40 години, дека и покрај значителниот интерес за овој кривично-правен настан, за кој неспорно пишуваа голем број печатени и електронски медиуми и за кој јавноста беше информирана, фактите и околностите поврзани со начинот на извршување на делото, а тежината на нејзините последици го изгубија својот интензитет со текот на времето од извршувањето на кривичното дело и важноста дека во оваа фаза од постапката тие би довеле до вознемиреност на јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на оваа кривична постапка“.

-Имајќи го предвид наведеното, Апелација утврди дека е оправдан предлогот на бранителите на обвинетиот да му се укине притворот и веднаш да се ослободи. Со пресуда на Вишиот суд во Белград К 83/18 од 22 јули 2022 година, Зоран Марјановиќ е осуден на 40 години затвор за сторено кривично дело тешко убиство од член 114 точка 1 од Кривичниот законик, а на обвинетиот му е одредена мерка притвор до испраќање на обвинетиот во затвор, а најдоцна до истекување на  рокот на казната изречена со првостепената пресуда, се наведува во соопштението на Апелациониот суд.

БЛИЦ објави видео од излегувањето на слобода: