👁️  12

Актуелниот македонски женски ракометен шампион, ЖРК Ѓорче Петров го дозна противникот за третото коло во Европскиот Куп.

По доброто издание против Тиват сега избраничките на Симе Симовски можат да се насочат кон наредниот ривал кој доаѓа од Белгија-тоа е составот на Еупен.

Toa e екипа која во претходната рунда го надигра Жалгирис Каунас од Литванија со вкупен резултат 63-56, поточно забележа победа и пораз во овој двомеч.

Ова дефинитивно значи дека ѓорчепетровки добија ривал со кој можат да се надигруваат и надеваат на пласман во наредната фаза.Првите дуели се закажани за 11/12 ноември, а реваншите се една недела подоцна.