Жозе Мурињо на клупата на Рома одигра два финални натпревари во Европа настапувајќи во Конференциската лига и Лига Европа во само две сезони што е прв пат во историјата на клубот.
Италијанските медиуми веќе некое време шпекулираат со негов отказ, но според италијанскиот новинар Џанлука ди Марсио до истиот нема да дојде во текот на сезоната, туку по самото завршување на истата кога договорот на Португалецот нема да биде продолжен.
Според Ди Марсио не се започнати преговори за продолжување на соработката, а нема ни да започнат. Мурињо ќе замине во јули, а најверојатно следната дестинација ќе биде Саудиска Арабија за која и самиот Мурињо изјави дека еден ден ќе предводи клуб од саудиското првенство.