👁️  33

Жешка шлаканица пристигна денеска од ЕУ за Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и целата влада на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците откако Европската комисија во својот годишен извештај за напредокот во евроинтеграците забележува дека нема напредок во борбата против корупцијата.

Во делот од извештајот кој expres.mk го доби ексклузивно од извори во Европската комисија се вели дека Македонија не направила никаков напредок во битката против корупцијата од последниот лански извештај на комисијата.

Ова е катастрофална оценка каква што немало никогаш предходно во историјата на извештаите затоа што секогаш преходно се зборувало барем за мал напредок.

,,Земјата е меѓу некое и умерено ниво на подготовка во превенција и борба против корупцијата. Не беше постигнат напредок”, стои во извештајот за Македонија кој е најлош односите досегашни во делот на корупцијата.

Кои се другите забелешки на Европската Комисија за корупцијата во Македонија содржани во годишниот извештај за напредокот чија конечна верзија се очекува да биде објавена утре:

– Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање за загриженост.

– Одложувањата и пресвртите во судења на случаи на корупција на високо ниво се зголемени, што резултира со некои случаи во
истекување на рокот на застареност.

– Кривичниот законик беше изменет преку забрзана собраниска процедура.

– Максималните законски казни за специфичен криминал поврзан со корупција прекршоци беа намалени, што има импликации врз примената на застареност и влијае на голем број случаи на тековната корупција на високо ниво.

Ова ја попречува способноста на властите да ги истражи и гони таквите дела во иднина. Станува збор за сериозна загриженост.

Државната комисија за спречување на корупција беше проактивна во обезбедувањето на јавните институции со насоки за политики за спречување на корупцијата.

Се отворија неколку случаи, но нивните препораки треба ефективно да се следат. Напорите за подобрување на функционирањето на ДКСК треба да продолжат, особено до доделување дополнителни средства за регрутирање на специјалистички кадар.

Дополнителни човечки ресурси и финансиски средства исто така треба да се стават на располагање на ОЈО, истражните центри и на извршните единици задолжени за истрага за корупција.

Секторите најмногу ранливи на корупција бараат насочени проценки на ризик и посветени активности.

Извештајот кој expres.mk ексклузивно го доби од Брисел содржи повеќе други катастрофални оценки за работата на владата во евроинтеграците.