👁️  5

За прв пат во историјата на Светското првенство во кошарка, во машка категорија, ќе имаме можност да гледаме како судијка ја дели правдата.

Претходно, оваа практика ја воведе и фудбалската федерација, а ова е можност и во кошарката дамите да се докажат во судиската професија.

Досега тоа имавме можност да го видиме не само на натпреварите што ги организира ФИБА, туку и УЛЕБ, каде веќе неколку години суди славната Ане Пантер.

Женски судии на овој шампионат ќе бидат Ејми Бонер, Џена Рено и Бланка Барнс, а покрај нив ќе има и 41 машки судии.