👁️  2917

Украинката Нина Рудченко (59) преживеала вистински хорор кога во Полтава била нападната од двајца браќа кои биле пијани. Страшен случај се случи во 2020 година, кој е вистински кандидат за рубриката „Верувале или не“.

Мажи на 27 и 30 години упаднале во куќата на Нина Рудченко, ја тепале со бејзбол палка и ја мачеле додека не се онесвестила. Потоа ја одвлекле на гробиштата, и ја полиле со вода за да ја разбудат, ја натерале да ископа дупка и ѝ рекле да легне внатре.

Потоа почнале да ја закопуваат со земја, а таа со рацете се обидела да обезбеди простор за малку воздух.

„Се смееја и зборуваа како ќе го убијат моето семејство. Кога завршија, прашаа дали сум мртва и заминаа“, рекла Нина.

Спасена е, како што вели, бидејќи гробот бил исклучително плиток, па успеала да излезе и да ползи до куќата, каде веднаш изгубила свест.

Следното утро, нејзината сестра Људмила Гура ја нашла на подот.

„Крв и модринки ѝ беа на целото лице. Беше помодрена и отечена, едвај ја препознав“, се присетува Људмила. Оштетената била веднаш префрлена во болница, а според наодите на хирургот Олександр Климчук, имала потрес на мозокот, скршеници на вилицата и носот, додека целото тело и било со модринки.

Осомничените за обидот за убиство се уапсени и покрената е истрага. На рочиштето тие зборуваа за тоа како биле под дејство на алкохол.

Наводно се започнало поради куче. Соседите тврдат дека Нина им го зела кучето, но тие негираат дека ја мачеле, во што другите жители на околината не веруваат.