Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на јужната држава Чијапас во Мексико, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.