Нов земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Турција.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Челихан на длабочина од 7 километри.
Земјотресот е регистриран во 5:35 часот по локално време.
„Долго траеше“, „Добро се тресеше“, „Три до четири минути го чувствуваше“, се дел од коментарите што граѓаните ги оставија на веб-страницата на ЕМСЦ.
Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.