👁️  145

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени е регистриран денеска во источниот турски округ Ван, јави турската приватна телевизија НТВ.

Земјотресот се случил во 14 часот и 4 минути по турско време во областа на градот Тушба, информира Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри под површината на земјата.