👁️  145

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да присуствува на првиот ден од самитот на Европскиот совет во Брисел в четврток, изјави претставник на ЕУ за Политико.

Кабинетот на украинскиот претседател не ги потврди плановите за патување на Зеленски,поради безбедносни причини. Присуството на Зеленски во Брисел ќе биде поврзано со неколку европски иницијативи за Украина, вклучително и официјалниот почеток на преговорите за пристап во ЕУ што треба да започнат утре.