Украинскиот претседател Володимир Зеленски и францускиот претседател Емануел Макрон попладнево разговараа речиси час и половина, а украинскиот претседател му се заблагодари на францускиот колега за континуираната поддршка.
Војната во Украина, недамнешното патување на Макрон во Кина и видеото од наводното обезглавување на украинскиот војник беа теми на разговор меѓу двајцата лидери.
Зеленски рече дека ја пофалил „намерата на Франција дополнително да ја зајакне важната поддршка на Украина на бојното поле“ и дека „ја изразил својата благодарност за осудата на ужасното, нехумано погубување на украинскиот војник извршено од руски воени злосторници“.