👁️  12

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека го посетил источниот фронт, каде се сретнал со украинските војници кои со големи напори го ослободиле подрачјето на градот Бахмут, разурнат од војната од Русите.

„Ги посетив (…) баталјоните кои извршуваат борбени задачи во околината на Доњецк, разговаравме со командантот за проблемите со кои се соочуваат војниците и за предлозите за нивно решавање“, напиша тој на Телеграм.

Зеленски своите пораки ги проследи со видео снимки на кои се гледа како се ракува со војниците од различни единици и разговара со нив на непозната локација.

Украина вчера соопшти дека бележи бавен напредок во тешката контраофанзива што ја почна пред повеќе од два месеци за да ги ослободи сите области под руска окупација.

На социјалната мрежа X (поранешен Твитер), Зеленски им се заблагодари на САД „за новиот пакет воена помош во вредност од 200 милиони долари“.

Во источниот град Бахмут московските сили сега се во позиција да одбиваат напади, откако го освоија во мај по неколкумесечни крвави борби.

Украинските борци, меѓутоа, наидуваат на тешкотии малку посеверно, во близина на Купјанск, а рускиот претседател Владимир Путин често пати јавно истакнува дека украинската контраофанзива е неуспешна.