👁️  131

Измените во Кривичниот законик, му донесоа олеснителни околности и на поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зекири.

На денешното судење обвинителството направи промени во предметот според донесените измени, па наместо претходно законски утврдената казна од најмалку пет години затвор, сега Зекири може да биде осуден на затвор од една до пет години.

Предметот пак наместо како обвинение сега ќе се води како обвинителен предлог и наместо двајца судии со тројца поротници, Зекири сега ќе седи пред само еден судија.

Заради измените, беше укинат и куќниот притвор за Зекири.

Тој е обвинет за злоупотреба на положбата додека ја извршувал функцијата генерален секретар на владата.

Одговара за измама при јавна набавка за кунсултантски услуги кои државниот буџет го оштетиле за близу 150 илјади евра.