Денес, 5 Декември кој е Светски ден на волонтерството се одбележа и во Општина Битола.
Помеѓу петте најдобри волонтерски акции извршени од здружение или пак од поединци, Здружение за заштита од повеќе – ВИКТОРИ ја подигна плакетата за спроведување на волонтерски акции и беше единственото здружение кое беше наградено со плакета.
Претседателката на оваа здружение, Викторија Брдаровска се заблагодари пред присутните и рече дека ова е резултат на работа и на ништо друго во изминатите десет месеци. Од идната пролет вети дека ќе има засилена работа на ова здружение со помош на некои грантови.
Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира согласно потребите на заедницата. Вредноста која волонтерите ја создаваат и вградуваат во своите активности е „бесценета“, бидејќи поседува особен квалитет кој е збогатен со хуманата димензија на добрата волја.