👁️  173

Во Охрид денес започна првото официјално Државно првенство во организација на Македонската традиционална теквондо федерација. Првенството го организира клубот „Мастер” од Охрид, како најстар клуб во земјата.

Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и спаринг во категориите – деца, млади, постари млади, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција. Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Билјанини извори“ во малата сала, а свеченото отворање се одржа точно напладне.

Агенцијата за млади и спорт неодамна издаде решение за дејност на Мaкедонската традиционална теквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.