👁️  19

Утрово пред зградата на општинското основно училиште Његош во Јурумлери, општина Гази Баба се оддржа протест на родителите кои од денес започнаа и со бојкот на наставата.

Родителите испратија порака до министерот за образование и наука Јетон Шакири да се откаже од притисоците кои ги прави или настава во ООУ Његош нема да има до крај на годината.

-Во ова училиште наставата се одвива на овој начин повеќе од 30 години. Нашите деца остануваат на часови до 17:00 часот попладне бидејќи нема просторни услови, дополнително нема ниту согласност за нова паралелка за дневен престој. Во ова училиште нема можност за воведување на нови паралелки. Министерот да се откаже од притисоците, секоја нивна акција која мислат да ја спроведат без договор со нас родителите ќе има од нас реакција. Ако тргнат на сила да носат решенија, настава нема да има до крај на годината – порачаа родителите од денешниот протест.