👁️  593

Повеќе од успешно протече првиот школски ден за учебната 2О22/2О23 на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Запишани се 1ОО ученици кои ликовно ќе се едуцираат низ 5 паралелки на годишна возраст од 4 до 18 години секоја среда и сабота целосно бесплатно како и изминатите 55 години.

Благодарност кон целиот тим на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола коe денес успешно ја спроведе и постапката за ажурирање на документацијата за членство и се грижеше за безбеден – креативен и пред се весел прв школски ден на сите наши ученици.