👁️  257

Господин Роберт Декер заменик амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија денес во посета на Могила.

Целта на оваа посета е увид во имплементацијата на проектот фитнес центар на отворено.

Со Меморандум за поддршка и унапредување на демократските процеси во Пелагонискиот регион во соработка со Здружението Про Локал од Битола, се реализира проект ,,Зајакнување на луѓето од Пелагонија”. На предлог на младите се реализира проектот фитнес центар на отворено.

Проектот финансиски е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија преку Програмата МАТРА и кофинансиран од Општина Могила.

Со амбасодорот господин Декер разговаравме за идна соработка со цел реализација на слични проекти, порача градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски.