Хрватскиот ракометен клуб Загреб, работи да биде што посилен во наредната сезона, па спортскиот директор Дамир Бичаниќ, објави дека потпишал едногодишен договор со полскиот репрезентативец Патрик Валчак.

Овој 31-годишен ракометар пристигнува од Спортинг Лисабон, а за минутажа ќе се бори со Матиќ Сухолежник и Адин Фаљиќ. Со ова се заокружува засилувањата на позиција кружен напаѓач.