Во делчевското село Вирче утре ќе биде спроведено боево гаѓање, поради што Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) забранува движење кај месноста Виречка Полјана.

Со забраната, како што информира РЦУК, е опфатено населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци.

-На ден 03.10.2023 година (вторник), во периодот од 09.00 до 14.00 часот ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје на временото стрелиште на место викано Виречка полјана-атар на село Вирче. Поради тоа, се известува населението дека во определениот период во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе, информираа од РЦУК Делчево.