👁️  285

Времето утре ќе биде Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во четврток времето ќе биде претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, кој во западните делови краткотрајно ќе засилува.

Во петок времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.