На социјалните мрежи се појавија неколку фотографии по поплавата во Скопје на кои може да се забележи како еден Скопјанец ги отвора шахтите.
Мажот ги отвора шахтите со цел побрзо да се повлече водата од улиците кои беа буквално како реки низ главниот град.
„Имам чест да го познавам. Се вика Зоки, и секогаш излегува да ги отвори шахтите при поројни дождови и ги затвора после повлекување на водата. Ниту еден друг негов сосед не мрда со прст“, пишува на објавата.