На листата на земји каде најчесто заминуваат Македонците на работа, освен Германија се и Хрватска и Словенија.
Во Хрватска претежно се бараат угостителски работници и возачи на камиони, а во Словенија градежни работници. И во двете земји предност при вработување имаат работниците од Балканот, меѓу кои и Македонците.
Предност им даваат на земјите за кои е полесно да се добие работна дозвола, за кои не се потребни квалификации, познавање на странски јазик и каде што се исплати да се оди, бидејќи платите надминуваат и над 2.000 евра.
Во Хрватска претежно се бараат угостителски работници и возачи на камиони, а во Словенија градежни работници. И во двете земји предност при вработување имаат работниците од Балканот, меѓу кои и Македонците.
Со цел навреме да се обезбеди барем дел од неопходниот кадар, бизнис здруженијата на Дубровничко-неретванската жупанија покренаа иницијатива на македонскиот пазар. Иницијативата за барање работна сила започна минатата година и досега добро функционира.
Интересот на работниците во Македонија да дојдат на југот на Хрватска е голем. Минатата сезона работеа околу 890 вработени од Македонија и беше воспоставена одлична соработка и добри односи меѓу работодавачите и работниците, велат од бизнис здруженијата.
Градежната индустрија во Словенија од крајот на Втората светска војна се базира на странци, односно на работници од земјите на поранешна Југославија, меѓу кои и Македонци.
Но, Словенија, пред сè им служи како отскочна даска на градежните работници, кои таму работеа година-две за потоа да можат да одат во земјите од ЕУ за повисоки плати.