👁️  1580

ШНАЈДЕРИ – ЛЕГЕНДИ (шнајдер, герм, шивач, кројач):  Најглавна административно управна единица во Отоманската Империја беше РУМЕЛИЈА. Административно, управно и воено седиште на РУМЕЛИЈА беше МОНАСТОР, МАНАСТИР или БИТОЛА.

Во неа беа сместени КОНЗУЛАТИТЕ на најбитните Европски држави, Русија, Франција, Германија, Австрја, Бугарија, Грција, Србијаидр. Овие дипломати и нивните брачни партнери по Битолските улици ја пренесоја ЕВРОПСКАТА МОДА. Битолчани и Битолчанки истата ја прифатија. Тој факт голем број битолски АБАЏИИ (абаџија, тур, шивач на селаска облека) ги принуди да се преорентираат во модерни ЕВРОПСКИ ШНАЈДЕРИ и почнаа да шијат во тој стил. Имињата на некои станаа ШИВАЧКИ ЛЕГЕНДИ на овој занает, но и на помодарството. Многу наши предци со фалба и гордост ќе речеа: Костумот или костумчето, палтото, фустанот или друго,  ми ги соши Димче Светија, Фонде, Лаличо, Јоле, Букале, Јуца, Тасе, неговиот чирак Јанко или некој друг мајстор во шивачкиот занает. Фотографиите ја отсликуваат модата во Битола од 30 – тите и 40 -тите години на минатиот век.  Оделата на Битолчаните односно Битолчанките од фотографиите им ги има сошиено некој од погоре именуваните ШНАЈДЕРИ.

Дали Ви се допаѓа нивниот стил на облекување кој во тој временски период беше ХИТ и МОДА по големите европски градови.

Автор: СТЕФАН ЧЕКУТКОВ