👁️  838

„Пари“ открива: Како работеле обложувалниците и организаторите на игри на среќа.

Во 18 компании од секторот „обложувачници и огранизатори на игри на среќа“, минатата година граѓаните оставиле 488,3 милиони евра. Тоа е значително повеќе од 2020 година кога во секторот влегле 366 милиони евра. Ова е и разбирливо, ако се земе предвид дека во 2020 година, поради пандемијата имаше карантини и забрани за одење во обложувалници и во затворен простор.

Ако се земе износот на ставени на коцка околу милијарда евра (ова не е конечен список на сите фирми од оваа дејност, но тука се речиси сите и најголемите), не може да се избегне впечатокот дека нашиот народ сака да си игра со среќата. Многу економисти и социјолози, во јавноста често истакнуваа дека „колку народот е посиромашен, толку е повеќе склон да игра игри на среќа“. Од вложените безмалку половина милијарди евра, некој и ќарил. Но обложувањата и коцката се такви што многумина ќе изгубат пари. Некои загуби се незначителни, всушност тоа се пари планирани за малку евтина социјална дружба, со тикет во рака во спортска обложувалница, како во некое кафуле на пијачка. Но, некои чинат многу – дотолку што упропастиле цели семејства.

Целата анализа прочитајте ја на pari.com.mk