👁️  285

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ облечен во чеченска униформа се сликаше со советникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, Турк Даудов. Советникот рече дека во светот имаме тешка политичка ситуација. 

„Рускиот народ за нас е братски народ, а вековната историја го докажала тоа многупати и нашите односи не може да бидат уништени“, кажал Вучиќ.
Вучиќ не објави соопштение, но сепак советникот на Кадиров објави фотографии со српскиот претседател кој ја облече чеченската униформа.

Србија е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија поради инвазијата на Украина.