👁️  425

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска зборуваше за економски тешките времиња во Европа и како тоа ќе се одрази на Србија.

Според него, во Европа, Германија „ќе оди во рајот во споредба со другите, додека најсилните се способни фигуративно да фрлаат пари, тие веќе потрошиле милијарди за да ги спасат своите компании“.

– Нови 30.000 тони мазут купуваме поради неодговорни луѓе во локалните самоуправи. Тоа мора да го направиме заради народот, бидејќи нашиот народ ќе ги вклучи греалките ако нема парно, а тоа врши притисок врз електроенергетскиот систем, рекол претседателот на Србија во интервју за Тв Пинк.

-Рашаваме проблеми и со Македонците затоа што имаат гасна станица што може да произведува струја на гас, па да им дадеме гас. Тоа е 5-7 проценти од зимската потрошувачка на струја, додал тој.

Чекаме да не известат дали ќе дозволат 100 мегавати струја низ системот. Ова е навистина важна работа бидејќи дополнително би обезбедиле енергија за нашите граѓани, посочил Вучиќ.