Во Белград се одржа саемот „Винска визија на отворен Балкан“, а домаќин на лидерите на Албанија, Македонија и Црна Гора беше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој не криеше колку го сака виното.

Во еден момент советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ се обиде да ја земе чашата, проба од виното и сакаше да ја тргне настрана, но тој ја грабна назад и продолжи да пие.

Во еден момент Васиљевиќ се обиде да го фати претседателот за рака, но тој се оттргна и со еден поглед и покажа дека е време да се откаже и да се оддалечи од него, што на крајот таа и го направи.