👁️  320

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес присуствуваше на отворањето на магистралата Нови Пазар – Тутин.

Ако сите други се тепаат, не мораме ние во секој чорба да бидеме запршка, туку да ги вратиме нашите деца од странство. Сега е најважно да го зачуваме мирот. Тоа што се разликуваме во вера и нација само може да нè спојува. Да живее братството и единството на нашите народи. Да живее наша Србија – им кажа Вучиќ на присутните, истакнувајќи дека во Бошњаците во Србија гледа браќа и сестри.

За време на разгледувањето на патот, српскиот претседател зборуваше за движењата на пазарот на капиталот.

Ги гледав цените на нафтата утринава, луѓе, почна лудилото – искоментира Вучиќ, а пренесува Н1.

Тој се осврна на цените на нафтата по одлуката на ОПЕК+ за замрзнување на резервите на нафта.

Тоа е веројатно затоа што Саудиска Арабија не можела да се договори со Америка. Прашањето е колку целиот свет, па и ние, ќе ја платиме цената, кажа Вучиќ и заклучи дека „многу е важно со заеднички напори да се најде решение“.