Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ оцени дека состојбата на Косово е во најмала рака вознемирувачка и дека животот е неодржлив за Србите.
Како што рече, од доаѓањето на косовскиот премиер Албин Курти на чело на приштинските институции, бројот на Србите на Косово е намален за 11 отсто и стравува дека овој тренд ќе продолжи.
Имаме искрено воодушевување од сите Срби кои останаа и преживуваат на Косово сите овие години, рече Вучевиќ во изјава за медиумите.