👁️  516

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека вторник, 11 октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

„Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2022 година (вторник), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија“, се вели во соопштението.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.