Американската вселенска агенција (НАСА) доцна синоќа со вселенското летало ДАРТ успешно удри во астероид. Тоа беше историска мисија бидејќи беше „прв планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар со промена на правецот.
Последните моменти пред судирот ги снимила камера на леталото, а последната слика ја направило леталото две секунди пред ударот.
Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО – што е името на НАСА за објект блиску до Земјата, астероид или комета, што може да се приближи до орбитата.
Во 2016 година, НАСА ја основа Канцеларијата за координација за планетарна одбрана (PDCO) за рано откривање на големи закани НЕО, најмалку 30 до 50 метри, што кои би можеле да ја оштетат површината на Земјата и да ги следат траекториите на овие објекти.
Астрономите моментално не знаат дали Земјата е загрозена од НЕО, но астероид пред околу 66 милиони години остави огромен кратер на мексиканскиот полуостров Јукатан и можеби го предизвикал изумирањето на диносаурусите.