👁️  103

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини наутро ќе има појава на магла или ниска облачност. На места ќе има услови за слаб дожд.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со релативно високи температури. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, и во следните денови ќе има појава на магла или ниска облачност и во овие места дневната температура ќе биде пониска.