👁️  12

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степена.

– Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопштуваат од УХМР.