👁️  26

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, претежно во јужните делови со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 24 степени.

– И во петок времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, особено во северозападните делови. Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време, известува УХМР.