👁️  495

Утре ќе преовладува облачно време, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд.

Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот.

Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.

Прогноза за 03.05.2023
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 13°C до 17°C

Променливо облачно, наутро со врнежи од дожд, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 04.05.2023
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 05.05.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Умерено облачно. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.