👁️  145

Променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 13 степени, а дневните ќе достигнат максимални 20 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и до крајот на денот со повремен дожд. Максималната дневна температура ќе биде 19 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Во четврток кон крајот на денот и во петок локално врнежите ќе бидат поројни. Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.