👁️  1279

УЈП ќе вработи наеднаш стотина луѓе.

Според информациите огласот за тоа е распишан на веб страната на Агенцијата за администрација.

Во огласот се вели дека ќе се примаат 100 државни службеници во Управата за јавни приходи, за 79 работни позиции.

Ќе се примаат главно инспектори, даночни советници, соработници, асистенти. Платите се главно меѓу 28 и 38 илјади денари.

за секој оглас е прецизно наведено кој за кое работно место какви услови ќе треба да исполнува, во смисла на образование, работно искуство, што треба да биде по националност и слично.