👁️  1083

Бугарскиот бизнисмен и финансиер, Милен Врабевски во гостувањето на Бугарската национална телевизија БНТ најави отворање на 20 бугарски клубови во Македонија.

– За бугарските клубови во С. Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Тоа ќе ве ослободи, рече финансиерот на бугарските клубови Ванчо Мијалов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид.

Врабески рече дека „Македонија е територија отцепена од Бугарија и украдена со многу крв“.

-Една територија украдена со многу крв и престапи, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин, југословенскиот модел, нема погаден модел на светот. Практично, тој модел се уште е на власт и им ги пере мозоците на луѓето, додаде Врабевски во гостувањето во БНТ.

Тој смета дека „европската интеграција е единствената опција за залечување на раните од минатото“.

– Во случајот со С. Македонија, имаме сличен случај. Мора да продолжиме причините за поврзување да ни бидат доминантни во секојдневниот живот, изјави Врабевски.