👁️  16.34

Снимката од малтретирање девојченце, која кружи на социјалните мрежи, ја вознемири цела Србија! На грозоморното видео може да се види како жена брутално тепа беспомошно девојче на возраст од околу една и пол година. И додека со едната рака го држи девојченцето за рачињата, со другата безмилосно го удира.

-Нашиот Зоран е во затвор заради тебе. Тоа ти е за Зоран, вика жената додека го тепа детето.

На крајот грубо го фрла на под. На видеото се гледа уште едно дете кое цело време плаче.

– Се уште не сум готова. Цел ден ќе те тепам, вика жената додека девојчето се бори за здив.

Местото и времето на снимањето засега не се познати.