👁️  1783

Италијански канадер Canadair-28 се урна во четвртокот попладне при гаснење на пожар во близина на вулканот Етна.

Според првичните информации, двајцата членови на екипажот загинале. Како што пренесуваат италијанските медиуми, канадерот ја загубил контролата на рид недалеку од вулканот, нагло започнал да паѓа и експлодирал на лице место, предизвикувајќи нов пожар.

Иако сите служби веднаш излегле на терен, пилотот и копилотот не можеле да бидат спасени, а истрагата е во тек.