👁️  1951

Се појави вознемирувачко видео од надзорните камери на кое се гледа моментот кога експлодира автомобилот во кој се наоѓал Аскер Лешев, екс украински функционер кој избега во Русија.

Лешев работел како офицер за Украинската служба за внатрешна безбедност (СБУ) пред да се приклучи на Луганск Народна Република, како нејзин шеф на разузнавањето во 2014 година.

Како што наведува Дејли Мејл, шефот на разузнавачката служба ја преживеал експлозијата и сам излегол од возилото. Примен е во болница, но бидејќи му бил оштетен голем дел од кожата, по неколку дена починал.

И руската новинарка Дајра Дугина загина откако експлодираше нејзиниот автомобил.