👁️  173

Најмалку 27 лица се повредени поради рушење на метална конструкција на дел од трибина во сала во Каиро за време на кошаркарскиот натпревар од Суперкупот  на Египет меѓу Ал Ахли и Ал Итихад.

Натпреварот беше прекинат во третата четвртина при резултат 45:66 за гостите, бидејќи се сруши трибина во салата „Хасан Мустафа“ која е изградена пред три години за потребите на Светското првенство во ракомет.

Веднаш по несреќата се огласи египетскиот министер за здравство кој потврди дека пред салата имало дури 21 амбулантно возило со кои биле пренесувани повредените навивачи во болница.