👁️  390

Излезе со реакција претседателот на ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, Пеце Милевски после реакциите на граѓаните за енормното загадување на воздухот предизвикано од РЕК БИТОЛА.

Оваа влада на СДС освен дневно-политички скандали досега не пројави интерес за надминување на проблемите во енергетскиот сектор кои беа предизвикани од нивните шампионски неспособни кадри.„Шампиони”навистина ама на полето на нестручноста, неодговорноста и немање на елементарна свест и совест. Сите овие квалификации и поединечно, но и колективно ви се заслужени, а последната најмногу. Ако барем еден ваш функционер имаше малку совест досега ќе си поднесеше неотповиклива оставка за штетата која секојдневно со несогледливи последици им се нанесува на граѓаните.Пред наредната грејна сезона би сакал јавно да ве прашам што конкретно презедовте на еколошки план во фунционирањето на РЕК Битола ? Зошто им ветувавте (читај ЛАЖЕВТЕ) на граѓаните дека ќе им го исчистите воздухот ? Дека ќе смените, филтрите?Дека ќе поставите постројка за десулфуризација? Па ќе модернизиравте разладни кули. За денес да констатираме дека се било ЛАГА. СЕ! И после ова прашање пак ќе се јавите со нова лага за да ги покриете старите.

Ајде уште едно прашање на тема екологија за да смислите уште една лага. Што последниве неколку недели користите како погонско гориво за двата блока од РЕК Битола? На очиглед на сите жители од трите општини чадот од оџаците има чудни бои, кога нема воздушни струења останува темен облак, а жителите од Новаци постојано се жалат на непријатните мириси.

Дефинитивно, вашата неспособност и нестручност е страшна во однос на екологијата и здравјето на граѓаните и дефинитивно, ако ви останала и најмала ронка доблест и човечност треба да си дадете оставки и да си заминете.

Имајте на ум ова директно ве засега и вас и вашите деца, стои во реакцијата на Милевски.