На 27.04.2025 околу 13 часот во СВР Скопје e пријавено дека на крстосницата од ул.„5“ со сервисна улица во с.Визбегово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(45) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С.(42) од с.Батинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.







