👁️  3008

Претпладнево околу 11 часот, товарен воз кој сообраќал на релацијата Белград – Солун удрил во патничко возило кај селото Давидово, Гевгелиско. Возачот сообраќал по регионален пат кој се вкрстува со железничката пруга, а патниот премин, според Македонски железници, бил обезбеден со ликовна, светлосна и звучна сообраќајна сигнализација и сите биле во функција.

„На 30 август околу 11.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на влез во железничка станица Миравци- Гевгелија, товарен воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија, удрил во патничко возило „опел вектра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р. И. (76) од село Удово, Валандовско. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р. И.“, соопштија од МВР.

Смртта ја констатирал од лекар од Итна медицинска помош од Валандово. Во тек е увид поради што во моментов во прекин е железничкиот сообраќај на делот од пругата од Демир Капија до Гевгелија.