👁️  390

Вооружени лица со маски утрово извршиле напад врз лице од обезбедувањето на трговскиот центар „Поинт ретаил парк“ и запалиле неколку банкомати во Топанско Поле. Како што соопшти полицијата поради случката изутринава бил затворен сообраќајот во делот од улицата Македонско-косовска бригада кај трговскиот центар па огромни колони возила има на околните сообраќајници и во овој дел од градот.

Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица ‘М.К.Бригада’ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Во трговскиот центар има банкомати од повеќе банки, поставени еден до друг на паркингот пред влезот на еден од поголемите дуќани.